ВИДЕО: Вонредна состојба во три области во Грција, стотици пожарникари на терен

Од:

Во три области на Евија, итна ситуација беше прогласена по неколку пожари што избија во четвртокот.

Генералниот секретар за цивилна заштита денеска ги обележа областите на Авлона, Конистрес и Таминеис во регионот Кими-Аливери, како области за кои е потребна итна заштита, бидејќи пожарот предизвика голема штета, објави АНА.

Првиот пожар изби во четвртокот попладне во Маникија, на земјоделско земјиште, додека другите две почнаа истовремено, непосредно пред полноќ во четвртокот.

Пет населени места се евакуирани од претпазливост.

Повеќе од 300 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарите.

Во петокот, еден човек беше уапсен под сомнение за подметнување на едниот пожар.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски