Папата Франциск повика да се организраат хуманитарни коридори за да им се укаже помош на мигрантите откако неодамна беше извршено бомбардирање во Либија.
Тој се обрати со такво барање до меѓународната заедница на неделната молитва на плоштадот Свети Петар.
Папата повика верниците да се молат за „незаштитените луѓе, убиените или ранетите во вторникот при воздушен напад во кој беше погоден центар за мигранти во Либија“. Во нападот загинаа 44 луѓе.