Откако ја пееше „Македонско девојче“ и изрази желба кога ќе е слободен да дојде во Охрид, премиерот Зоран Заев го покани тенисерот Новак Ѓоковиќ преку својот профил на Фејсбук.
„Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата „Македонско девојче“ нѐ воодушеви сите во нашата земја.
Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија??.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани“, напиша премиерот Заев.