А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Меркел: Со оптимизам гледам кон есента за преговори

by А1он05/07/2019 - 18:12418
Share0

Германската канцеларка, Ангела Меркел, од Познањ порача дека е оптимист во однос на шансите Северна Македонија да го добие долгоочекуваниот датум за преговори со ЕУ во октомври.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали врши притисок врз скептичната Франција за зелено светло за преговори, Меркел порача дека Европската Унија и процесот на одлучување во неа не функционира со притисоци, но дека со оптимизам гледа кон есента, кога најдоцна треба да се донесе одлуката, два пати одложувана, за старт на пристапните преговори.

Германската канцеларка меѓутоа истакна и дека не се согласува со францускиот претседател, Емануел Макрон дека проширувањето на ЕУ и нејзиното продлабочување не можат да се одвиваат паралелно.

-Се согласувам дека треба да се подобри ЕУ одвнатре, но тоа не е причина да не се почнат пристапните преговори, тоа само по себе не е контрадикторно, изјави Ангела Меркел на прес конференцијата по средбата на лидерите на ЕУ и на Западниот Балкан на самитот во Познањ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Премиерот Зоран Заев, кој денеска оствари средба со францускиот премиер, Едуар Филип, на маргините на самитот, порача дека Париз очекува од Македонија да продолжи со започнатите реформи до октомври и земјата да продолжи да го подобрува својот имиџ пред европската јавност.

Тој додаде дека е убеден дека сите напори кои Северна Македонија до сега ги вложила за добивање на датумот, како договорот со Грција, реформите во клучните области и заложбите за еднакво општество за сите ќе донесат резултати кои Франција ќе ги препознае.

-Дефинитивно впечатоците кај сите земји членки се неспорни, односно ние ги исполнивме сите услови, Преспанскиот договот гледате дека е тема на секоја прес конференција, на секој состанок се почнува со примерот од Преспанскиот договор, договорот со Бугарија исто така, сето тоа што дома е направено, вклучително и дијалогот со опозицијата, можам да кажам дека се нотирани како успеси преку кои не може да се помине, рече Заев.

Премиерот додаде дека резервите кои постојат кај одредени земји членки на ЕУ се однесуваат на зачленувањето во ЕУ.

-Заклучокот од овој самит е дека гаранцијата е уште поголема, изјави Заев алудирајќи на отворањето преговори наесен, но и дека се очекува од Македонија да продолжи да работи на реформите во текот на летото и сѐ до носењето на одлуката.

Прашан дали францускиот премиер на состанокот инсистирал на некои специфични услови за да даде зелено светло наесен, како СЈО, тој рече дека земјите членки на ЕУ се водат од извештајот на Европската Комисија.

-Извештајот е завршен, тој е со безусловна препорака, навистина е одлична препораката што ја добивме, самиот извештај е одличен, но како пријателска земја секако тие сакаат да имаат и аргументи плус за домашната јавност, и ние тоа ќе го правиме, прво тоа ќе го правиме за нашата јавност, дома, тоа е работа на власта, на опозицијата, на парламентот, граѓанските организации, коморите, синдикатите, сите треба да работиме, ако можеме да го решиме СЈО, супер.

Заев апелираше да се реши статусот на СЈО и изрази верување дека ќе се покаже “доволно флексибилност без да се наруши правниот аспект на самиот процес„.

-Ако можеме час поскоро тоа да го решиме, би било добро, ќе отвориме иницијативи деновиве но да продолжиме и со реформите во правосудството, мора да продолжиме, сега имплементацијата на законите што ги донесовме, да ја зголемиме транспарентноста, критичкиот осврт на медиумите кон власта, за да се доживеат реформите уште подобро, но и на реформата на јавната администрацијата, безбедносните служби, борбата против корупцијата.

Премиерот порача дека овој состанок го напушта “уште поголем оптимист“ за датум во октомври.

Доколку повторно биде одложен датумот за преговори наесен, Заев тврди дека земјите членки се свесни дека тоа претставува ризик.

-Колку и да биде идниот премиер на Грција, можат да бидат испровоцирани од дома поради национализам и радикализам; можат да направат проблем повторно меѓуетничките односи; може повторно кавги да се отворат со Бугарија и со другите соседи, никому тоа не му одговара, смета Заев.

Тој додаде дека во ЕУ се свесни дека се должни како и да власта е мета на критики дека “наводно излажала“ за добивањето датум за преговори, кога всушност се работи за временски теснец, изјави Зоран Заев и додека дека е важно идната година Македонија да биде навлезена во преговарачкиот процес кога ќе ко-претседава со самитот за Западен Балкан заедно со Бугарија во рамките на Берлинскиот процес.

eufrancijagermanijamakedonija

Би можело да ве интересира

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд – измерени 41,3 степени Целзиусови

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 20:56

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 19:32

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:32

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:14

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 17:0026/06/2026 - 17:26

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто