Почина диригентот Александар Лековски

Од:

Денеска во 80-тата година од животот, по кусо боледување почина истакнатиот македонски диригент и композитор Александар Лековски.

Лековски спаѓаше во првата генерација целосно едуцирани македонски музичари, а својата уметничка дејност ја започна кон крајот на педесеттите години од минатиот век.

Работеше како постојан диригент на Операта и нејзин директор, а потоа и на Македонската филхармонија.

Александар Лековски за својот уметнички придонес беше добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“ и „Панче Пешев” (1994).

Комеморација ќе се одржи утре во Македонската Опера и Балет во 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во Скопје од 13.30 – 14.30 часот.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски