Напаѓачот Килијан Мбапе даде јасен сигнал дека нема уште долго да игра за шампионот на Франција, Пари Сен-Жермен.
Репрезентативецот на Франција премина кај Парижаните пред две години од Монако, а за две сезони постигна 60 гола во 87 натпревари.
Мбапе на крајот од сезоната индиректно откри дека не се чувствува среќен на „Парк де Пренс“, а неговата иднина се поврзува со трансфер во шпански Реал Мадрид.
Сепак шпанските медиуми тврдат дека ова лето овој трансфер кај „кралскиот клуб“ не може да се случи, но идното Реал ќе ја исфорсира трансакцијата, без разлика колку пари ќе сака ПСЖ.
Претседателот на „светците“, Насер Ал-Хелаифи се довери пред неколку дена дека Мбапе не се продава и тој ќе ги исполни преостанатите три години од неговиот договор со клубот.