Северна Македонија ќе игра во Групата Б во Виена, заедно со репрезентациите на Чешка, Австрија и Украина, на претстојното Европско ракометно првенство за мажи.
Ова е исходот од извлекувањето на групите за првенството во сениорска машка конкуренција, што во јануари 2020 година ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.
Во групата А која натпреварите ќе ги игра во австрискиот град Грац се наоѓаат репрезентациите на Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија.
Во Трондхејм ќе играат репрезентациите од Групата Ц – Шпанија, Германија, Летонија и Холандија, а во истиот норвешки град силите ќе ги одмерат и репрезентациите од групата Д – Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.
Во Малме ќе се играат дуелите меѓу ракометарите од групата Е, поточно Данска, Унгарија, Исланд и Русија, а во вториот шведски град Гетеборг силите ќе ги одмерат репрезентациите од Групата Ф – Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.
Според системот на натпреварување, на следното Првенство ќе се играат шест групи со по четири репрезентации, од кои двете најдобро пласирани селекции, продолжуваат во втората фаза.