Светскиот рекордер во спринт, Усеин Болт, денеска изјави дека на 6-ти Јули ќе настапи на митингот во Париз, и ќе трча на 200м, се со цел што подобро да се подготви за Светското првенство.
Тоа ќе биде негов четврти настап во пет години на турнирот во Париз, а минатата година беше единствената во која тој не се појави на патеката во Франција.
Болт е светски рекордер на 200м, а во оваа дисциплина освои титула и на Олимписките Игри во Пекинг и Лондон, како и на двете последни Светски првенства. Наредното СП ќе се оддржи во Москва од 10-18 Август.