Гутереш: Продолжување на мировните напори за визијата на две држави

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави денеска во Њујорк дека е важно да продолжат мировните напори со цел да се оствари визијата на две држави, Израел и Палестина, кои би постоеле една покрај друга во мир и безбедност.

Гутереш ова го истакна додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да започне во Бахреин економска формула вредна 50 милијарди долари за израелско-палестинскиот мир.

Не е познато дали администрацијата на Трамп планира да го напушти „решението за две држави“, кое вклучува создавање независна палестинска држава која ќе биде „рамо до рамо“ со Израел.

Американската администрација постојано одбива да се обврзе на тоа, чувајќи ги во тајност политичките фази на својот мировен план.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски