ГРЕКО: Србија нема исполнето ниту една од 17-те препораки на СЕ за борба против корупција

Од:

До крајот на 2018 година, Србија воопшто нема исполнето ниту една од 17-те препораки на Советот на Европа за борба против корупцијата (ГРЕКО), се наведува во годишниот извештај на организацијата.

Во извештајот се наведува дека седум препораки се делумно исполнети, десет воопшто не се исполнети, според што Србија е една од трите земји, покрај Босна и Херцеговина и Шпанија, кои немаат исполнето ниту една од препораките.

Пет од препораките се однесувале на работата на пратениците, шест на работата на судиите и исто толку на работата на јавните обвинители.

За разлика од Србија, која не ги исполнила препораките, во Европа исполнети се 22,6 проценти од препораките што се однесуваат на работата на пратениците, 36,1 проценти од препораките за работата на судиите и 45,2 проценти од препораките за работата на јавните обвинители, се наведува во извештајот на ГРЕКО.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ