Интер казнет поради навредите на навивачите кон Балотели

Од:

Италијанската фудбалска федерација му изрече казна од 50 илјади евра на Интер поради расистички скандирања од страна на неговите навивачи упатени кон Марио Балотели.

Напаѓачот на Милан „Супер Марио“ на неделното миланско дерби на кое Интер беше домаќин беше навредуван на расистичка основа од страна на навивачите на некогашниот негов клуб. Кон него за време на натпреварот беа фрлени и неколку банани.

Освен недоличните скандирања, Интер е казнет и за неколкуте истакнати пароли од неговите навивачи кои беа со расна содржина.

Балотели на овој дуел кој заврши нерешено 1:1, при водство на неговиот Милан од 1:0, пропушти неколку убави шанси за гол и тоа беше прв негов натпревар во дресот на Милан без реализација на четирите одиграни средби по доаѓањето од Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска