ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов призна одговорност за неуспехот на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да го напушти бродот што тоне и да не биде повеќе учесник во криминалното работење на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Атанасов направи храбар чекор и и кажа не на неработливата и криминална влада, која потроши повеќе од две години од животот на граѓаните, а притоа не направи ниту еден проект.

Ги повикуваме сите функционери во власта, кои имаат личен кредибилитет и морал да се охрабрат и да не бидат повеќе соучесници во криминалната влада на Заев.

Функционерите во власта треба да се одважат и да му кажат не на криминалното работење на Зоран Заев.

Атанасов за разлика од другите одговорни во министерството за образование призна одговорност за неуспехот на СДСМ. За разлика од Рената Дескоска која бесрамно смени министерства Атанасов призна дека СДСМ нема кредибилитет затоа што ништо не направи.“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина