Наместо да мете криминал и неспособност, со метлата Заев се назначи и за министер за финансии

Од:

Повеќе партиски и меѓукоалициони математики, никако интересот на јавноста. Вака некако изгледа најавената метла која со сигурност ништо нема да промени, освен тоа дека Зоран Заев освен премиер сега е министер и за финасии. Дали овој несфатлив потег на премиерот, значи дека нема способен кадар во СДСМ за оваа позиција или ова е чекор само за мир во партиската куќа ќе се следи внимателно во следниот период. Во секој случај сега Заев треба да носи две лубеници под едно рамо.

Оние за кои постоеше сомневање кај јавноста дека се поврзани со големи бизниси, со местење тендери, застапување на лични интереси, остануваат во Владата, а токму тие беа причината за незадоволството.

Она што сега се нарекува метла, а повеќе е само стап, е ротација на кадри и менување на функции отколку нешто што ќе донесе некои промени во иднина.

Ново име е министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини кој треба да го замени досегашниот министер Садула Дураку. Завршил „меѓународен бизнис“ во Англија, а бил и потпретседател на Уни Банка во Лондон. Очигледно има интересна биографија во бизнис секторот, но најверојатно малку се разбира и може да даде придонесе во екологијата Дали премиерот со избор на ваков профил најавува повеќе пари за заштита на животната средина или местото требше само да се пополни со партиски кадар, без разлика на предиспозициите и искуството.

Садула Дураку кој пак ниту гласот не му се слушна и воопшто не се знае што направи во овој ресор, освен незаинтересираност и дрскост кон медиумите, сега наградно оди во новото виртуелно министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое повеќе служи и е измислено за згрижување на партиски кадри отколку што тоа нешто ќе придонесе за јавниот интерес.

Горан Милески од ЛДП станува нов министер за локална самоуправа и со тоа конечно партијата добива место кое го бараше уште по изборите, или градоначалник или министер.

Медицинар ќе ја „лекува“ културата. Уште не стапна на функција, а веќе е критикуван новиот министер за култура кој доаѓа областа на медицината, и прашање е какви се допирните точки со многу суптилниот и значаен ресор, култура.

Трајан Димковски е новиот министер за земјоделие, кој досега беше шеф на кабинетот на министерот за земјоделство, кој пак замина поради функцијата генерален секретар на СДСМ.

За оние ресори, каде има најмногу потфрувања во изминатиот период ни збор. Дали Дамјан Манчевски, од ресорот информатичко општество каде нема никакви резултати, чека да се испразни некое од престижните директорски места во ЕЛЕМ и МЕПСО, па да добие и награда за (не)сработеното.

На списокот го нема и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, чие министерство беше едно од најкритикуваните. Хаос во здравството кој веројатно не го гледа само премиерот и прво место по сите анкети по незадоволство. Или пак така му одговара. За Кочо Анѓушев премиерот одамна кажа дека нема замена во државава.

Се на се Заев изгледа посегна по погрешната метла.

Би можело да ве интересира

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари