ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се главни поттикнувачи и одобрувачи на насилството, самоволието и беззаконието

Од:

Трагично е да се види и прочита соопштението на СДСМ во кое нема ниту збор осуда и барање за оставка за нивниот градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој што е сериозно вмешан во скандал за бесправно лишување од слобода, измачување, тепање и навредување на граѓанин, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова само го потврдува фактот дека Зоран Заев и СДСМ се главни поттикнувачи и одобрувачи на насилството, самоволието и беззаконието кое што го спроведуваат нивните пулени и функционери.

Два дена поминаа, а ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не побараа оставка од нивниот градоначалник Дудуш, иако ова не е негов прв скандал.

Криминалот и насилството врз граѓани и шерифлукот кој СДСМ го манифестира не се европски вредности и заради сето ова Македонија е се
подалеку од Европската Унија и нејзините принципи на владеење на правото.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски