Индонезиските власти соопштија дека најмалку 30 луѓе загинале во пожар во куќа, која освен за живеење, служела и како фабрика за кибрити.
Несреќата се случила во областа Лангкат во покраината Северна Суматра. Се наведува дека меѓу настраданите има и три деца, а многу од жртвите се толку изгорени што не можат да се идентификуваат.
Портпаролот на полицијата на Северна Суматра М.П. Наинголан изјави дека причината за пожарот се уште се утврдува.