ВИДЕО: Фантомските гласачи во Ресен добија и сини картони, за скандалот молк

Од:

Пред Министерството за здравство, работниот кабинет на шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, „Сојузот за иднината“ , потсети дека режимот одамна со разни злоупотреби сака да манипулира со вољата на гласачите .

Јани Макрадули кажа дека пред неколку месеци обезбедиле доказен материјал за случаи на корупција и го доставиле до основното обвинителство, Битола. Одговор се уште немаат.

„Трагедијата да биде поголема, овие сини картони се плаќаат од џебот на сите граѓани на Македонија. После сè што се случи, Тодоров треба да биде свесен дека претстојните локални избори се нелигитимни. Пред неколку месеци, актуелната власт на дело беше фатена како на една адреса во Ресен впишува нови гласачи од Мала Преспа. Уште тогаш предупредивме дека станува збор за корупција. На нив им се обезбедува здравствена и социјална заштита, а за возврат се добиваат нивните гласови за изборите.

– До битолското Јавно обвинителство од поодамна поднесовме докази дека и нотар е вмешан во аферата, Поднесовме низа материјални докази дека е нелогично на една иста адреса живеалиште да добијат многу граѓани, а во договорите никаде не пишуваше колку кирија плаќаат потстанарите. Но, од Обвинителството уште молчат за овој скандал. На улицата Наум Веселиевски за киријашите веќе пристигнале и сини картони издадени од Фондот за здравство, а броевите се непостоечки“, посочи Макрадули.

Граѓаните и поштарите во Ресен не знаат што да прават со сините картони кои Фондот за здравство им ги издаде на граѓаните од Мала Преспа, кои, според опозицијата, се вмешани во мега-аферата која тие ја обелоденија минатата година, кога на една адреса, како нови жители на градот, се впишаа многу жители од овој дел на Албанија.

[nggallery id=154]

Имињата кои се впишани на сините картони и адресите кои не постојат.

Опозицијата и граѓаните го чекаа шефот на изборниот штан на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство, но до петнаесетина минути до десет тој не дојде на работното место.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем