Поплавени стотина куќи и стопански објекти во струмичко Дабиле

Од:

Стотина куќи и стопански објекти утрово се поплавени во струмичко Дабиле, кога се излеа помошниот канал на реката Струмица.

Во спасувачката акција на противпожарната единица од Струмица, беа изнесени постарите жители од нивните поплавени домови.

Градоначалникот Зоран Заев од утринава е во Дабиле и помага во надминување на состојбата.

– Водениот бран надојде околу 6.30 часот и за две-три минути навлезе во нашиот дом.Не можевме ништо да спасиме, вели Никола Василев,чија што куќа е на брегот на одводниот канал.

Постарите жители од Дабиле се сеќаваат на поплавата во далечната 1963 година, кога парчиња лед го поплавиле целото село.

Синоќешните обилни врнежи од дожд во овој регион дополнително ја отежнаа состојбата на теренот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски