„Мој данок“ не е ефикасна мерка, нека се намали ДДВ за производи од широка потрошувачка

Од:

Најавената мерка „Мој данок“ со која од 1 јули е предвидено граѓаните преку апликација на УЈП да ги скенираат фискалните сметки и за ова четири пати во годината да добиваат поврат од 15 отсто од сумата на платениот данок на додадена вредност од потрошеното, наиде на различни коментари од економските екперти. Колку ќе чини и администрирањето на оваа мерка преку УЈП и дали бенефитот е поголем од трошокот е дополнително прашање што треба да се анализира, сметаат експертите.

Доколку државата сака да ги врати парите кон граѓаните може едноставно да го намали ДДВ-то, барем на оние производи кои се дел од елементарната потрошувачка кошница , смета Марјан Николов од Центарот за економски анализи.

„Генерално земено, нашата држава нема јасна стратегија за тоа што треба да се оданочува. Оваа мерка „Мој данок“ беше дел од предизборната кампања и сега треба да биде исполнување на ветеното. Нејасно е зошто ако сакаат да им помогнат на граѓаните да заштедат, едноставно не го намалат данокот, барем за оние производи во потрошувачката што се оданочени со 18 отсто, а влегуваат во потрошувачка на поширок слој на граѓани оние со пониски приходи да поминат кон повластена ставка од 5 отсто, смета Николов.

За втората цел како што соопштија од Министерството за финансии дека граѓаните ќе бидат истовремено и инспектори што треба да ја намалат сивата економија, исто така екпертите сметаат дека нема механизам со кој може да се проследи намалување на даночната евазија.

Доколку граѓаните ја употребуваат оваа апликација, независно од потрошувашката, едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.000 денари годишно или пак 1800 денари по човек за еден квартал. Предвидено е да се направи поврат од 15 отсто од ДДВ, но не на поголема сметка од 30.000 денари годишно за еден човек.

Според аналитичарот Суад Мисини, оваа мерка е комична и на својот фејсбук профил објави понуда за продажба на фискални сметки, сакајќи да го потенцира апсурдот на оваа идеја.

На прес конференцијата за оваа мерка и министерот за финасии Драган Тевдовски, премиерот Зоран Заев и директорката на УЈП Соња Лукаревска потенцираа дека целта на „Мој данок“ е да се вратат средства кај граѓаните но исто така е значајно тоа што директно ќе учествуваат во контрола на фискализацијата на пазарот.

Според Павле Гацов, даночен експерт, не треба на мерката да се гледа од позиција на тоа кој повеќе добива а кој губи.

„Добиваат и граѓаните и државата, а губитници би биле вршителите на дејност кои во минатото продавале без да издаваат фискални сметки и консеквентно на тоа без да плаќаат јавни давачки. Само финансиски стабилна држава ќе може да ги подобрува условите на животот на граѓаните. Со оваа мерка ќе се намали сивата економија и ќе се отвори конкурентска предност на некои учесници на пазарот во однос на оние кои легално работат. Треба да се има на ум дека оваа мерка ќе биде нападната од вршителите на дејност кои на граѓаните ќе им ги намалуваат цените за износот што тие можат да го добијат како поврат на ДДВ под услов да платат во готово и без фискална сметка. Затоа е потребно со дополнителни мерки да се затворат каналите на сивата економија“, вели Гацов.

Апликацијата „Мој данок“ ќе биде достапна од почетокот на идниот месец за сите граѓани што наполниле 15 години, а за оние кои не користат мобилни телефони ќе има алтернативни начини да учествуваат во „Мој данок“.

Колку ќе чини и администрирањето на оваа мерка преку УЈП и дали бенефитот е поголем од трошокот е дополнително прашање што треба да се анализира сметаат експертите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески