ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Од:

Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во Македонија, Ковид кризата, бркаа провизии за набавка на вакцините.

Додека илјадници граѓани починаа поради доцнењето на вакцините и Македонија бележеше највисоки стапки на смртност во време на Ковид кризата, Венко Филипче како министер за здравство во владата на Заев договараше вакцини со фирмата Стабри од Хонг Конг по 100% повисока цена од тоа што го плаќаа останатите земји, односно другите влади плаќаа по 30 долари, а Филипче и Заев договараа 62 долари. За 200 илјади вакцини тоа се 6 милиони евра повеќе пари.

Тоа е методот на работа на Венко Филипче, ортакот во бизнисите и матните зделки на Зоран Заев. Тие се лицето и опачината на истата паричка. Сега Филипче седнува на фотелјата во СДСМ мислејќи дека така ќе се заштити од одговорноста од коруптивните зделки за кои постои сериозен сомнеж дека ги направил како министер во владата на Заев. И тој и Заев мислат дека СДСМ ќе ја користат како заложник за да се спасат од евентуални постапки. Но треба да знаат дека таа математика нема да им помине, односно секој кој се огрешил и ќе одговара, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он