ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Од:

Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра.

Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата.

Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија.

Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции.

Нема јака опозиција со вакви репрезенти.

Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски