Лацио ја прекина серијата без победа

Од:

Фудбалерите на Лацио ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа и синоќа на „Олимпико“ во Рим во натпревар од 26.коло ја совлада екипата на Пескара со 2:0.

Стрелци на головите за „лацијалите“ беа: Стефан Раду во 29.минута и Сенад Лулиќ во 35.минута.

Со оваа победа и освоените три бода „лацијалите“ се искачија на третата позиција на табелата.

Вчера се одигра уште еден натпревар од оваа рунда во Серија А. Во Удине, Удинезе и Наполи одиграа без голови – 0:0. Горан Пандев во гостинскиот тим во игра влезе во 61.минута.

Денеска се игра последниот натпревар од колото меѓу Болоња и Фиорентина, кој поради снег на теренот во Болоња беше одложен во неделата.

Табела: Јувентус 58 бодови, Наполи 52, Лацио 47, Милан 45, Интер 44, Фиорентина 42, Катанија 42,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска