ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да си замине затоа што се што кажа излажа

Од:

Време е да заигра метлата која што ја најавуваше Зоран Заев, но прв што треба да биде изметен од Владата, е лично тој. Зоран Заев треба да си замине затоа што се што кажа излажа. Ниедно ветување кое што го даде на граѓаните не го исполни. Напротив се дрзна и го смени името на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски.

„Зоран Заев треба да си замине бидејќи е синоним за криминал и корупција. Зоран Заев е единствениот аболициран премиер за криминалии тешки милиони евра.

Зоран Заев треба да си замине бидејќи ја урна македонската економија. Ветуваше просечна плата од 500 евра а сега имаме 500.000 граѓани што живеат под прагот на сиромаштијата.

Ова се само дел од причините зошто Зоран Заев мора прв да си оди од Владата, а после него сите други. Зоран Заев додека е премиер на Република Македонија, државата ќе тоне. Што побргу тој си замине од владата, толку подобро за сите граѓани.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина