Околу стотина гости, посведочија на една чудна свадба во Зимбабве.
Имено, невестата Хелен Шабангу има 61 година, додека нејзиниот маж Санел Масилел има само осум години.
Уште почудно е што двете семејства присуствуваа на венчавката.
– Момчето доби име по својот покоен дедо кој никогаш не се ожени со невеста во бела венчаница, поради што неговиот дух му рекол на внукот да се ожени, а тој ја избрал Хелен. Родителите тоа сериозно го сфатија и минатиот март ја купија невестата, уверени дека тоа е изборот на нивниот предок – изјави тетката на младоженецот, Патијенца Масилел.
Невестата исто така имала што да каже на таа тема.
-Јас сум омажена и има пет деца, но знам дека ова е желба на предците и станува збор само за обичај. Сега сите се играме, но тоа е знак дека еден ден навистина ќе биде оженет – изјави Шабангу.
Сопругот на невестата, Алфред (65) немал ништо против таа одлука.
Момчето изјави дека ја сака Хелен и затоа ја избрал, но дека еден ден ќе се ожени со девојка на негови години.
Елена Георгиевска