Нови лоши вести за Голден стејт: Клеј Томпсон скина лигаменти

Од:

Клеј Томпсон од Голден Стејт скина лигаменти за време на дуелот шестиот дуел од финалето на НБА, објави „ЕСПН“.

Торонто ги детронира „воините“ и стана шампион за прв пат во својата историја.

Дваесет и девет-годишниот бек беше фаулиран во третиот период од шестиот натпревар помеѓу Голден Стејт и Рапторс, по што го повреди коленото.

Томпсон, кој ја освои титулата на НБА во 2015, 2017 и 2018 година, присилно го напушти теренот, а потоа бил забележан како се движи со патерици.

Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој се здоби повреда на Ахиловата тетива во петтиот натпревар помеѓу Голден стејт и Торонто. Се очекува Дурант да ја пропушти целата следна сезона во НБА.

Би можело да ве интересира

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски