Денес, Саудиска Арабија пресретнала пет беспилотни летала испратени од бунтовниците од Јемен на аеродромот во Аби, на југозападот на земјата.
“Саудиската воздушна одбрана и воздухопловните сили успешно ги пресретнуваа и уништија петте беспилотни летала кои што Хутите ги лансираа на аеродромот во Аби и градот Хамис Мусаит”, се наведува во соопштението на коалицијата под раководство на Ријад во Јемен која се бори против бунтовниците.
Аеродромот функционираше нормално и немаше откажани летови.
Шиитските бунтовници од Јемен ги интензивираа своите напади врз Саудиска Арабија, предводени од коалицијата која интервенираше на страната на меѓународно признаената Јеменска влада од 2015 година.
Во средата, 26 лица беа повредени во нападот на аеродромот Аби.