ЕК не се откажува од механизмот за укинување на визната либерализација

Од:

Механизмот наречен “заштитна клаузула“, кој Европската комисија го предложи пред година и пол, а кој предвидува можност за привремено укинување на безвизниот режим што ЕУ го има со земјите што не се нејзини членки е целосно заглавен во Советот и во Европскиот парламент и тешко може да биде воведен.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, лидерите на земјите-членки на ЕУ и европарламентарците не можат воопшто да се договорат дали ваков механизам треба да се воведе, и покрај тоа што истиот го побараа шест земји-членки на Унијата.

Но, и покрај ваквата безизлезна ситуација во која се најде нивиот предлог, од Комисијата немаат намера да го повлечат, ниту да го модифицираат. Ова денеска го потврди Микеле Черконе, портпарол на еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром, на прашање на дописникот на МИА од Брисел.

– Прво сакам да ги разбијам сите шпекулации дека овој механизам што ЕК го предлага е само со цел во иднина да може да се укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан. Напротив, “заштитната клаузула“ би била за сите земји што имаат добивка од визната либерализација. Инаку, ситуацијата е јасна, а тоа е дека Комисијата даде предлог за воведување на клаузулата и сега се на ред Советот и Европарламентот да се договорат. Засега, ситуацијата е во мртва фаза, вели портпаролот Черконе.

Тој додава дека ЕК продолжува да го поддржува својот предлог, оти како што вели, станува збор за “разумен и јасен и следи по барањето на Советот и ЕП“.

Како што е познато, ЕК даде предлог да се усвои механизмот “заштитна клаузула“ со кој Комисијата во идина би можела привремено да го укинва безвизниот режим за земјите со кои ЕУ го има воспоставено поради тоа што неколку земји од Западна Европа се пожалија на наплив од баратели на азил од земјите од Западен Балкан, пред се од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Сепак, откако Германија, Холандија и неколку други земји го сменија системот за барање и давање на статус азилант, со кој Македонија и другите земји од соседството го загубија статусот на “ризични земји“, ваквите лица по итна постапка се одбиваат, па затоа последните шест месеци трикратно е намален бројот на баратели на азил.

Од таа причина, се поставува прашањето дали сега е веќе вреден предлогот на ЕК, но гласноговорникот на комесарката Малстром, Микеле Черконе е дециден дека Комисијата останува на она што го предложила.

– Предлогот на Комисијата овие две институции го имаат на маса и за него уште се дискутира. Ние мислиме дека ова е доволно за тоа што е потребно во оваа фаза и затоа нема причина да предлагаме нешто ново, некаква промена или да даваме друг предлог, констатира портпаролот Черконе.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он