Јанкулоска бара да биде разршена Кацарска за судењето за „мерцедесот“

Од:

До Судскиот совет стигнала претставка за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска поднесена од сопругот на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски. Информацијата за „А1 он“ ја потврдија од Судскиот совет, но соопштија дека детали ќе може да кажат од следната недела, зашто членот на Советот што го реферирал предметот користел годишен одмор.

„А1 он“ од извори во Советот дозна дека претставката е за наводни повреди предизвикани преку закажување чести судски рочишта во предметот „Тенк“, во услови кога Јанкулоска била во ризична бременост со породилно отсуство.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Судијката Кацарска за „А1 он“ рече дека е уверена оти сите мајчински права на обвинетата ѝ се исполнети и дека постапката се одвивала со целосно почитување и на Законот за кривичната постапка и на Законот за работните односи. До Судскиот совет судијката составила одговор за претставката на Јанкулоска и рече дека по речиси 33 годишна судиска кариера едвај чека да се појави на сослушување во Судскиот совет за претставката на ексминистерката.

Уставниот суд лани ѝ го отфрли барањето на Јанкулоска за заштита на слободите и правата од Уставот, кои се однесуваат на слична околност, забрана за дискриминација по пол и политичка припадност во остварувањето на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство.

Јанкулоска беше осудена на 6 години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на 4 години. Таа на први јули треба да се јави на издржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Уставен за иницијативата за пензионирање на Кацарска: Не престанува функцијата на уставен судија по основ на старосна

Катерина Ѓуровски

Собранието потврди дека стасало известување за пензионирање на уставната судијка Добрила Кацарска

Кацарска: Постојано добивам закани, бев и физички нападната, но не пријавував

Катерина Ѓуровски

Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција

Горан Наумовски

Пронајдени импровизиран кревет и нож – Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска

Катерина Ѓуровски

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии