Египет, Јордан и Мароко ќе учествуваат на конференција на САД за палестинците, Либан откажа

Од:

Египет, Јордан и Мароко ја информираа владата на претседателот Доналд Трамп дека ќе присуствуваат на конференцијата организирана од САД во Бахреин овој месец, објавија американски официјални претставници.

На неа ќе се расправа за предлозите за развој на палестинската економија како дел од планот на Вашингтон за мир на Блискиот Исток.

Учеството на Египет и Јордан се смета за особено важно, бидејќи историски тие се еден од главните играчи во мировните напори меѓу Израелците и Палестинците и се единствените арапски држави кои имаат мировни договори со Израел

Меѓутоа, палестинското раководство објави дека ќе ја бојкотира конференцијата, која ќе се одржи на 25 и 26 јуни во Манама, што предизвика сомнежи за успехот на форумот.

Претходно Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати го потврдија своето учество.

Либанскиот министер за надворешни работи, Гебран Васил, рече дека неговата земја нема да присуствува на конференцијата. Тој посочи дека Либан ја донел таа одлука бидејќи сака прво да добие јасна идеја за планот на САД, но најмногу поради тоа што палестинските претставници нема да учествуваат.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија