Трамп најави состанок со Си на самитот Г20 во Јапонија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува средба со кинескиот колега Си Џинпинг на претстојниот самит Г20, предупредувајќи дека ќе воведе нови царини доколку не дојде до состанок.

– Да, ќе има, одговори Трамп на прашањето дали ќе има нови големи царини доколку Си не дојде на самитот во Јапонија.

Трамп, сепак, рече дека „состанокот е закажан и ќе се одржи“.

– Нашиот состанок се очекува. Ќе се изненадам ако не дојде. Мислам дека ќе дојде, рече Трамп.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека „моментално нема информација“ за разговори помеѓу Си и Трамп.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека официјален Пекинг е подготвен за нови преговори со Вашингтон.

Во денешното соопштение од кинеското МНР не се најавува средба меѓу кинеските и американските претставници на форумот на Г20 овој месец.

Кинеско-американските трговски преговори се влошија кон почетокот на мај, кога дојде до зголемување на американските тарифи на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари и забраната за американските компании да соработуваат со Хуавеј. Пекинг одговори со тарифи на 60 милијарди вредниот увоз на американска стока.

Самитот Г20 ќе се одржи во Осака на 28 и 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција