Емоциите потполно ме совладаа, плачев од среќа. Не можам да опишам како се чувствував по постигнувањето на голот, изјави Езекиел Скелото кој на дербито против Милан постигна гол и го спаси Интер од пораз.
Аргентинскиот интернационалец од средниот ред на Интер синоќешниот погодок ќе го памти цел живот.
– Засекогаш ќе се сеќавам на овој погодок. И поради дербито и поради тоа што мојот клуб избегна пораз со овој мој потег, а и поради тоа што на стадионот се наоѓаше целото мое семејство кое допатува од Аргентина да ми даде поддршка, рече Скелото.
Аргентинецот синоќа беше резерва, а две минути по влегувањето во игра на местото на Естебан Камбиасо го постигна изедначувачкиот гол.