Фудбалерите на Бетис ја постигнаа 12-та победа во шампионатот на Шпанија, откако синоќа пред своите навивачи ја совладаа Малага со 3:0 притоа постигнувајќи ги сите три голови во првото полувреме.
Стрелци на головите беа: Хорхе Молина во 1.минута, Марио Педро во 28.минута и Дарлон Пабон во 45.минута.
На другите натпревари од 25.коло во Примера Дивизија беа постигнати следниве резултати: Атлетико Мадрид – Еспањол 1:0, Селта – Гранада 2:1, Рајо Ваљекано – Ваљадолид 1:2, Барселона – Севиља 2:1, Депортиво – Реал Мадрид 1:2, Сарагоса – Валенсија 2:2, Мајорка – Хетафе 1:3 и Атлетик Билбао – Реал Сосиедад 1:3.
Вечерва се игра последниот натпревар Леванте – Осасуна.
Табела: Барселона 68 бодови, Атлетико Мадрид 56, Реал Мадрид 52, Малага 42, Валенсија 41, Реал Сосиедад 40, Бетис 39,…