Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Попладне и кон крајот на денот ќе има поројни врнежи од дожд, локално проследени и со појава на грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до четири, а дневната од 10 до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во попладневните и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и умерен повремено не е исклучено и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 14 степени.