Пари Сен Жермен е подготвен да плати 90 милиони на Ајакс за да го привлече дефанзивецот Матиас де Лихт, објави шпански „Спорт“. Шампионите на Лига 1 му нудат 19 годишниот холандски репрезентативец плата од 15 милиони евра по сезона.
Де Лихт одигра многу силна сезона, откако му помогна на клубот од Амстердам да освои двојна круна во Холандија и да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите. Тој постигна 7 гола и 4 асистенции во 55 дуели за Ајакс.
Голем број водечки европски клубови, меѓу кои и Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Барселона се заинтересирани за неговите услуги.