Тите најде заменик на Нејмар, го повика од плажа во Израел

Од:

Напаѓачот на Челзи, Вилијан е единствениот кој профитираше од повредата на Нејмар, бидејќи беше повикан на негово место во националниот тим на Бразил за учество на Копа Америка. Голгетерот на ПСЖ настрада за време на контролниот меч со Катар вчера.

Вилијан дознал за повикот за време на неговиот престој во Израел. Тој е на одмор од 29 јуни, кога го одигра последниот натпревар за сезоната на Челзи – против Арсенал во финалето на Лига Европа.

По веста за повредата на Нејмар во социјалните мрежи навивачите на „златните“ бараа да биде повикан Виничиус Жуниор од Реал Мадрид. Имаше информации дека сепак селекторот Тите го преферирал Лукас Моура од Тотенхем. На крајот, изборот падна на Вилијан.

Бразилците се домаќини на Копа Америка и се наоѓаат во група со Боливија, Венецуела и Перу. Турнирот започнува на 14 јуни со натпревар на „Селеасо“ против Боливија. Претходно во недела, домаќините ќе се сретнат со Хондурас во контролна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска