(ВИДЕО) Заев: Ако летово нема датум за преговори со ЕУ, можни се избори и враќање на мандатот

Од:

Реконструкцијата на Владата зависи од добивањето датум за преговори со Европската унија. Премиерот Зоран Заев вели дека ако летово, односно јуни или јули нема датум, сите опции се отворени.

Заев е оптимист, но не ја исклучува можноста за враќање на мандатот па и избори.

– Доколу има одложување на датумот сите опции се отворени. Отворање внатрешна дебата, еден чекор е целосно нова влада, втор е избори и трет одговорност, иако вината не ја гледаме овде бидејки се направивме, рече Заев.

Премиерот за идната недела најави средба со канцеларката Ангела Меркел, а во однос на прашањето за „бомбите“ гарантира дека не се излезени од СДСМ, бидејќи сите материјали ги предале во СЈО.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија