Двајца навивачи на англиската фудбалска репрезентација беа уапсени вчеравечер во Порто, по инцидентот со навивачите на Португалија за време на полуфиналето на Лигата на нациите помеѓу Португалија и Швајцарија (3:1).
– Имаше судири меѓу англиски и португалски навивачи, па полицијата мораше да интервенира, изјави Александер Коимбра, портпарол на португалската национална полиција.
Англичаните допатуваа во Порто каде нивната репрезентација вечер во второто полуфинале ќе се сретне со Холандија.