Авторитарните режими употребуваaт нови тактики за борба против нивните противници, се дознава од најновиот извештај за слободата на печатот ширум светот објавен од американската невладина организација „Фридом Хаус“.
Од таму укажуваат дека слободата на печатот ширум светот годинава опаднала, заедно со политичките права и граѓанските слободи. И тоа се одвивало двосмерно, како во етаблираните авторитарни земји така и во демократските.
Како пример се наведуваат Унгарија и Србија, каде властите применувале разни тактики кои наводно ги ограничуваат активностите на опозициските медиуми.
Извештајот ја рангира состојбата со медиумите како „слободни“, „делумно слободни“ и „неслободни“. Унгарија и Србија се паднати во категоријата „делумно слободни“.
Најновиот извештај покажа дека има загрижувачки тренд во Европа, каде во четири од пет држави со слободен рејтинг, има пад од 8 отсто, додека во 16 нации ширум светот окарактеризирани како „слободни“ има намалување на рејтингот за слободата на печатот во последните пет години.
Извештајот ја рангира Северна Македонија како земја со „делумно слободни“ медиуми. По групи, од нула или најлоша, до четири или најдобра, земјата е во втората група и има регистрирано подобрување на сликата со медиумите од лани.
Експертите се загрижени со ситуацијата со слободата на печатот во САД. Укажуваат на начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп комуницира со медиумите.
-Според американскиот Устав новинарите имаат цврсти гаранции за независност, но изјавите на претседателот влијаат на тоа граѓаните да губат доверба во медиумите, се наведува во извештајот.
Во делот за Русија, се посочува блокирањето на Телеграм, апликација за испраќање пораки. Од „Фридом Хаус“ сметаат дека властите во Русија „продолжуваат да го стегаат ременот во однос на дисидентските гласови, бидејќи секој обид да се наруши нивната контрола во медиумите ги открива незаконските дејства“. Во извештајот се наведува дека само четвртина од Русите имаат доберба во новинарите и дека тоа ја усложнува ситуацијата,
За политиката на кинеските власти се вели дека Пекинг води меѓународна пропагандна кампања за прикажување розова слика за земјата во странство. Така на пример, власта во Кина шири лажни информации за тоа дека во северозападниот дел од земјата со административен центар Урумчи, не се нарушуваат човековите права.