Ејлброн: ЕУ-интеграцијата клучна за економскиот развој и стабилноста

Од:

Потпретседателот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), Пјер Хејлброн, на прес-конференција со премиерот Зоран Заев, порача дека процесот на пристапување во ЕУ на Северна Македонија е од голема важност за неговата институција и генерално за бизнис-климата во земјата.

Запрашан да даде негов став за датумот за преговори со ЕУ кој го чека Македонија, вториот човек на ЕБРД изјави дека тој не може да одговори директно на тоа прашање, бидејќи не е во негова надлежност, но дека ЕУ е процесот е клучна димензија на економскиот и политичкиот живот на земјата.

-Потребна ви е стабилност за инвеститорите, изјави Хејлбронм посочувајќи ги позитивните ефекти што ги имал Преспанскиот договор врз економијата, инвестициите и трговијата.

Тој додаде дека ЕУ интеграцијата е исто така клучна во однос на задржување на темпото за неопходните реформи со кои ќе се „отклучи потенцијалот“ на земјата. Во тој поглед, оцени потпретседателот на ЕБРД, отворањето преговори би бил чекор кој би направил разлика и дека банката ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на овој пат.

-Процесот на пристапување во ЕУ е најдобриот начин да се туркаат реформите, порача Хејлброн.

За ЕБРД, која има инвестирано над две милијарди евра и 150 проекти во земјата, реформите, но и регионалната интеграција, ќе значат подобрена бизнис-клима во Македонија. ЕБРД, потсети тој, е првиот инвеститор на Балканот, вклучувајќи ја и Грција.

Хејлброн потсети дека покрај економскиот развој, за банката е од исклучителна важност и грижата за животната средина при инвестициите и проектите.

За ЕБРД сѐ што е поврзано за декарбонизацијата како и развојот на зелени општини се врвни приоритети, но претставуваат и политички предизвик во трката со кинеските инвестиции.

Банката, нагласи потпретседателот, ја поттикнува државата да се им даде значење на инвестициите кои користат и помагаат да се развијат обновливите енергетски ресурси и да се изменат законските регулативи во таа насока.

Би можело да ве интересира

Маричиќ потпиша спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум фирми

Катерина Ѓуровски

Скринигот ќе заврши за најмногу 16 месеци, период во кој ЕУ очекува да го смениме Уставот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Ковачевски: Ние сме подготвени за ЕУ, следува напорна и посветена работа на реформи

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот, тоа нема да го дозволиме

Костовски: По 17 години, повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ

Села: Отворањето на преговорите и членството во Европската Унија се единствената надеж за реформи во системот

Катерина Ѓуровски