ХандЊуз: Вардар – Машина за чуда

Од:

Ракометот е најтрофејниот француски спорт, слично како и на македонскиот, но најдобрите француски екипи не се најдоа во завршницата на Лигата на шампионите, но францускиот печат ја проследи победничката епопеја на македонскиот шампион Вардар, јавува дописникот на МИА.

ХандЊуз насловува „Вардар, машина за чуда“, по втор пат за три години, Вардар победува во Лигата на шампионите. Успех понесен со храброст и срце.

– Тоа што го прават е неверојатно, објаснува Кантан Махе, единствениот француски ракометар кој играше во финалето.

Момците, како што вели тој, „се како машини, тие никогаш не затреперија, па дури и кога ги стигнавме. Почит кон нив“.

Еуроспорт насловува „Вардар уште еднаш, Везпрем не успева сé уште“. Според спортскиот ТВ канал, Вардар за два дена направи две изненадувања – првото елиминацијата на Барселона, втората победата над Унгарците, два натпревари во кои фаворити беа неговите противници. Вардар ги изигра сите прогнози.

Бројни се и другите текстови посветени на триумфот на шампионот Вардар, кој се качи на врвот на Европа. Но откако францускиот печат го поздрави триумфот на Вардар, пишуваше и за расистичките испади на неговите навивачи на прославата на плоштадот во Скопје.

Што е необично за „Л’Екип“, кој е весник посветен на спортот исто како и „Либерасион“ дава и мало политичко потсетување за поновата историја на Северна Македонија и актуелните односи во општеството.

Во извештајот од прославата во Скопје, двата париски весници го пренесуваат повикот на Министерството за внатрешни работи кое побара да се воздржат навивачите од навредливи слогани.

Само на крајот од извештајот од Скопје се забележува дека вардаровото крунисување предизвикало сцена од радост во Скопје, каде концертот на Стинг мораше да биде одложен.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски