Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Од:

Отец Пимен денеска преку својот Фејсбук профил го поддржа капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов како шампион кој ни донел многу радости, но и како човек кој цврсто стои на својот став.

„Почитувајте луѓе и со дијаметрално различен став од вашиот. Барем го имаат. Чувајте се од оние што го немаат и ги води толпата за да се чуствуваат силни и безбедни.

Не ја уништувајте почитта и заслугите на други полиња на реализираните личности само поради нивните ставови.
Немојте да бидете спремни и другарства да згазите поради спротивните ставови.

Спротиставеноста на ставовите може да нè води напред, а не топењето во толпата под влијание на медиумите.

Столе Стоилов треба да е почитуван од секого како шампион кој ни донесол многу радости, но и како човек што цврсто стои на својот став и не се плаши од тоа. Капа долу Ел Капитано!“, напиша Отец Пимен на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски