Вардарци со чартер лет попладнево пристигнуваат во Скопје

Од:

Ракометните шампиони на Европа денеска попладне се враќаат дома. Иако првично беше најавено дека ќе се организира организиран дочек во 23 часот на скопскиот аеродром, сепак има промена на планот.

Според последните информации, како што дознава А1он, ракометарите на Вардар пристигнуваат со лет од Келн во 16.15 часот.

Ваквата информација може да се потврди и на страницата на скопскиот аеродром, каде веќе е најавен летот со кој ќе пристигнат ракометните шампиони.

Граѓаните од синоќа се организираат за масовен пречек на ракометарите. Тие ги повикаа сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо дефиле утре организирано заедно да се упатат кон Аеродром.

„Воедно апелираме до сите превозници, пред се јавни, но и приватни, да излезат во пресрет и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на Аеродром, а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите јунаци“, се вели во повикот.

„Шампионските срца заслужуваат величествен пречек! Парадата на гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот, каде одиме со автомобили, потоа со дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети… Ја повикуваме цела црвено-црна армија и цел македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме храброста, истрајноста, борбеноста, непокорот, а со малку повеќе среќа и божја волја – втората европска титула“, се вели во повикот на „Парадата на гордоста“.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски