(ВИДЕО) Стоилов: Името на нашата држава е Република Македонија

Од:

На прес-конференцијата по завршувањето на финалето меѓу Вардар и Веспрем покрај тренерот на екипата, Роберто Парондо, присуствуваше и капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов.

Во моментот кога спикерот ги најави финалистите и му ја честиташе титулата на Вардар, капитенот најде замерка во честитката.

-Честито, ова е втора титула за Вардар и прва за Северна Македонија, рече спикерот од ЕХФ.

На тоа реагираше Стоилов и му кажа на официјалниот спикер дека името на нашата земја не е она што тој го изговори.

-Честитки на Веспрем за фер и коректната борба, одигравме одличен натпревар. Не сакам многу да зборувам сега, сите сме под силни емоции од оваа победа. Знаеме со какви проблеми се соочувавме цела сезона, затоа ова е голема победа за нас и за мојата земја – Република Македонија, изјави Стојанче Стоилов.

Откако бевме најавени на прес конференцијата како клубот од норт, Столе изреагира веднаш. My country, the Republic of Macedonia ❤️Столе, ти си наша икона! ⚫️?#NeverNorth #VardarChampion #Macedonia

Posted by Martina Cvetanoska on Недела, 02 јуни 2019

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски