Вардар во финалето на Лигата на Шампионите ја совлада екипата на Веспрем и со тоа стигна до шампионската титула. Вардар имаше предност во текот на првото полувреме, додека во второто Веспрем успеа да му се доближи.
Како и полуфиналето, и финалниот меч за шампионската титула донесе спектакуларен ракомет и изненадување кое го приреди Вардар.
За големото финале во Келн, Вардар се избори по големата победа над светскиот гигант Барселона (29-27), додека Веспрем беа подобри од екипата на Киелце (33- 30).
Ова беше трет настап на ракометарите на Вардар на Фајнл фор турнирите, каде по вторпат се бореше за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите