Убедливи победи на домашен терен остварија денес екипите на Баерн и Хановер во мечевите од 23-то коло во германската Бундес-лига.
Баерн продолжи со својата наверојатна серија и денес го декласираше тимот на Вердер. Робен прв ја начна мрежата на Вердер со погодок во 25-тата минута, а само четири минути подоцна и Хави Мартинез погоди за 2-0.
Во вториот дел продолжи голеадата. Најпрво Гебреселасие си постигна автогол во 49-тата минута, а две минути подоцна Рибери со одличен лоб удар постигна нов гол, за убедливо водство од 4-0. Де Брујн успеа да постигне почесен погодок за Вердер и да намали на 4-1, а до крајот на мечот повторно Рибери, и Гомес стрелаа за конечните 6-1.
Во останатите мечеви беа постигнати следните резултати:
Аугсбург-Хофенхајм 2:1
Хановер-Хамбург 5:1
Мајнц-Волсбург 1:1
Штудгарт-Нирнберг 1:1