Шанахан: Нема да го игнорираме однесувањето на Кина

Од:

САД нема повеќе да го игнорираат однесувањето на Кина во Азија, бидејќи стабилноста на тој регион е загрозена, во однос на прашањата за Јужно кинеското море и Тајван, рече американскиот секретар за одбрана, Патрик Шанахан.

– Ние нема да го игнорираме однесувањето на Кина, а мислам дека луѓето во минатото некако премолчено го заобиколуваа, рече Шанахан на најголемата конференција за безбедност оваа година, „Дијалогот Шангри – Ла“ во Сингапур.

Според него, во интерес на Пекинг е да има конструктивен однос со Вашингтон.

– Однесувањето кое го поткопува суверенитетот на другите држави и предизвикува недоверба во намерите на Кина мора да заврши, рече Шанахан.

Во спротивно, додаде дека „ќе се најдеме пред кратковидна визија за иднината, а ние се залагаме за слободен и отворен поредок кој им користи на сите, вклучувајќи ја и Кина“.

Тој упати обвинувања на сметка на „актерите“ кои го дестабилизираат регионот, без да ја именува директно Кина, но рече дека САД нема да игнорира такво однесување.

– Можеби најголемата долгорочна закана за виталните интереси на државите во овој регион доаѓа од актерите кои сакаат да го поткопаат, а не да го поддржат меѓународниот поредок заснован на правила, рече американскиот министер.

Шанахан ги повика азиските советници да го зголемат воениот буџет и нагласи дека САД се посветени на тој регион.

Тој притоа се осврна и на случајот со кинеската технолошка фирма „Хуавеј“ за која рече дека е премногу блиска до кинеската Влада, додавајќи дека Вашингтон е загрижен поради кибер-нападите и кражбата на интелектуалната сопственост.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД