Али Ахмети и Муса Џафери го загубија спорот со Слободан Богоевски за клевета и навреда

Од:

Тричлениот судиски совет на скопска Апелација, кој не сакаше да си ги каже имињата пред јавноста, на денешната јавна објава на пресудата за тужбата за клевета и навреда на Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски, соопшти дека тужбеното барање на тужителите се одбива.

Судот ја прифати жалбата на Богоевски и ја преиначи пресудата за клевета и навреда.

„Жалбата на тужениот се уважува“, рече судијката што не сакаше да си го каже името. Тоа значи дека Ахмети и Џафери го загубија спорот за клевета и навреда за сведочењето во САД случајот „Маѓар Телеком“.

Апелација предметот го судеше вторпат. Предметот првин го судеше судијата од Основниот суд Скопје 2, Нухи Рустеми. Апелациските судии лани утврдија дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката и предметот го вратија од почеток. Рустеми по вторпат донесе иста пресуда, која сега скопска Апелација целосно ја преиначи.

Ахмети и Џафери имаат право на ревизија до Врховниот суд. Во сведочењето пред американскиот суд, Богоевски, меѓу другото, потврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона денари. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра, но се откажаа од надоместокот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни заедно со локалните избори е решението за кризата со легитимитетот му рекол Ахмети на Рокас

Али Ахмети: Заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година

ВРЕДИ: Ако Ахмети навистина сака предвремени парламентарни избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Ахмети му одговори на Мицкоски: Како што побаравте, нека одлучат граѓаните за која опција се, по година и пол ваше владеење

А1он