Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец

Од:

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14 степени, а дневната температура од 16 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната температура до 28 степени.

Во петок и сабота претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер. Во недела и понеделник се очекува процесите да бидат поинтензивни, а врнежите пообилни.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски