Чех ги спореди голманите со диригенти

Од:

Голманот на Арсенал, Петр Чех, пред финалето на Лигата на Европа со Челзи, рече дека чуварите на мрежите се како диригенти.

– Голманската работа е како индивидуален спорт во тимот. Можете да имате големо влијание врз исходот од натпревари. Сакам да имам врвни одбрани. Некој сака да постигнува голови, а јас го чувствувам истото задоволство при зачувувањето на голот со важна одбрана. Голманите имаат преглед на целата игра. Се чини како да ја имаат диригентска палка. Можат да ги насочуваат соиграчите, да гледаат што се случува. На крајот, тие се последната граница пред голот, изјави Чех.

Вечер од 21 часот во Баку, Арсенал и Челзи ќе играат за трофејот во Лига Европа.

Чех очекува идеално завршување на кариерата со подигнување на трофејот во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување на „Стариот континент“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска