Гутереш: Да се преземат неопходните мерки во борбата против сите облици на екстремизам

Од:

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека треба да се преземат сите неопходни мерки во борбата против сите облици на екстремизам, потсетувајќи на неодамнешните напади врз џамиите на Нов Зеланд и нападите врз црквите во Шри Ланка и синагогата во Калифорнија.

– Мораме да бидеме почувствителни на сите облици на екстремизам, за да не се соочиме со страшното лице на насилниот екстремизам, рече Гутереш во говор во Виена по повод 40-годишнината од канцеларијата на ОН во тој град.

Тој истакна дека Обединетите нации 75 години работат за зачувување на мирот во светот и за спречување на насилство, но сé уште не ги постигнале очекуваните резултати.

Гутереш нагласи дека, покрај тероризмот и насилството, климатските промени се уште едно многу важно прашање што го загрозува целиот свет и ги повика сите земји да ги преземат неопходните мерки пред да биде предоцна.

ОН е основана во 1945 година, а нејзините главни задачи се одржување на мирот и безбедноста во светот, развивање на добрососедски односи, економската соработка, ширењето толеранција и промовирање на почитувањето на човековите права и основните слободи на човекот.

Пред официјалната програма во канцеларијата на ОН во Виена, Гутереш се сретна и со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство