Нова операција го одложи судењето за „Титаник“

Од:

Поради хируршка интервенција на обвинетиот Леко Ристовски, денеска повторно беше одложено рочиште за случајот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности. Минатото рочиште исто така беше одложено поради операција, но тогаш на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Адвокатот на Ристовски уште пред пет дена до Кривичниот суд доставил медицицинска документација.

„Титаник“ е без исклулок најодложуваното судење од сите кои ги води Специјалното јавно обвинителство. Досега како причини за одложување на рочиштата за Титаник најчесто се здравствени проблеми на обвинетите, неажурноста на судот во давање на термините за овој предмет односно преклопувањето на „Титаник“ со уште еден предмет каде има ист обвинет и службените патувања на пратеникот Илија Димовски.

Обвинителката која го застапува обвинението за „Титаник“, Лиле Стефанова, пред една недела за А1он изјави дека овие одолжувања создаваат проблеми, но во ниту еден случај не е по вина на обвинителството или судот бидејќи динамиката на закажаните рочишта била добро поставени.

Во предметот „Титаник“, обвинети се дваесетина лица меѓу кои и екс премиерот и бегалец Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.

Според обвинението на СЈО обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески